HomeРЕФЛЕКТОРМузика„The Rolling Stones“ издаваат прв аблум после 11 години

„The Rolling Stones“ издаваат прв аблум после 11 години

Рок легендите на својот профил на Твитер објавија дека наскоро ќе излезат информации околу нивниот нов албум, прв после 11 години, кога излезе популарниот албум под назив „A Bigger Bang“. „The Rolling Stones“ пред два дена на „Youtube“ објавија кратко видео во траење од 10 секунди, под кое пишува „coming october 6”. На видео снимката можеа да се видат Мик Џегер, Кит Ричардс и остатокот од бендот како свират песна со силен блуз ритам.

Дон Вас, продуцентот кој последните две децении работи со славниот рок состав „The Rolling Stones“, изјави дека групата ќе издаде албум со обработки на блуз песни од многу познати музичари како што се Хоулин Вулф, Литл Валтер и други. Според неговите зборови, албумот би требало да го очекуваме во декември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com