HomeРЕФЛЕКТОРМузика„The Rolling Stones“ и се враќаат на блуз музиката!

„The Rolling Stones“ и се враќаат на блуз музиката!

Светски познатиот рок состав „The Rolling Stones“ сака да создаде блуз албум и со тоа да се врати на своите почетоци. Групата веќе некое време работи на албум кој би требало во продажба да се најде во декември. Фронтменот на групата Мик Џегер неодамна на Твитер објави хаштаг #playingtheblues, со фотографија од усна армоника.

rolingstouns-f1

Исто така профилот на Џегер, заедно со официјалниот профил на групата ја променија профилната фотографија со нивното претпознатливо лого „Tongue and Lip Design“, но со многу плава боја. Долгогодишниот продуцент на „The Rolling Stones“ Дан Вас откри за фрнацуските медиуми некои новости поврзани за новиот албум :„Песните се снимени за само три дена, а музичарите буквално кружеа и се менеа на микрофонот. Песните звучат многу автентично и ја претставуваат нивната суштина“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com