Tuesday, Sep 29, 2020
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалTежок инцидент на мечот во Новаци!

Tежок инцидент на мечот во Новаци!

FC8D2F6C7FC56F44B76FD52940229781

Тежок инцидент вчера во рамките од втората македонска фудбалска лига на натпреварот во Новаци против Вардар од Неготино. Натпреварот беше доста тензичен со прекини но на крајот заврши со поделба на поените и конечен резултат од 1-1. Целосна изјава имаме од капитенот на Вардар и дел од раководството на клубот Владо Данаилов.

„Па ова го има само во Македонија. Искрено јас не бев во Новаци но по кажувањето на моите колеги од клубот и од она што можев да видам на ТВ сникмката, со боксови бил удрен нашиот претставник на екипата и воедно директор на клубот г. Горан Гогов. И тоа ни помалку ни повеќе туку од страна на првиот човек на домашните, од претседателот на ФК Новаци, точно името не му го знам. Е тоа лице ја прескокнало оградата, влегло на теренот каде биле службените лица и со боксови ги удрил нашиот директор Гогов. Па какво е тоа однесување на претседателот на ФК Новаци? Што ли му е виновен Гогов, навистина не знам. А судијата Маркоски е посебна приказна. Зошто не ја прекина средбата и означи крај во таа 89. или 90. минута туку чекаше Гогов да го изнесат од теренот а потоа истатата да ја продолжи. Зошто не реагираше и полицијата? Јасно е дека ова е тежок инцидент а можеше да биде уште потежок, истиот да заврши со трагични последици. Повредениот Гогов која на моменти беше во бесзознание веднаш е префрлен во болница и таму ќе остане се додека не му се направат детални лекарски прегледи. Нема што, ние сме фрапирани од овој тежок инцидент. Во текот на утрешниот ден и како клуб ќе искочиме со офијцијален став по повод настаните во Новаци“ изјави Данаилов.

CD632EEE11F737419CDCB104D987A5E7

Овие негови зборови ги потврди и делегатот на натпреварот Арсо Здравески, кој напишал во записникот дека имало инцидент и дека дополнително ќе се решава за овој натпревар.