Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТевдовски најави економски раст за 2018 година и кратење на непродуктивнтие трошоци

Тевдовски најави економски раст за 2018 година и кратење на непродуктивнтие трошоци

Работиме на подготовка на буџетот за 2018 година и ги прецизираме макроекономските проекции, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски, во интервју за телевизија „Сител“.

Тој додаде дека за следната година може да се очекува повисок економски пораст од годинава. Најави дека и следната година ќе се кратат непродуктивнтие трошоци, за, како што посочи, да им се даде шанса на оние продуктивни активности што ќе имаат мултипликативен ефект и ќе ја движат економијата.

– Кондицијата на буџетот се подобрува. Бруто-приходите од данокот на додадена вредност (ДДВ), тоа што најмногу го полни буџетот, се зголемија во јули. Буџетот навремено си ги сервисира обврските кон граѓаните и кон фирмите – изјави Тевдовски.

Според него, зголемувањето на минималната плата ќе влијае на раздвижување на економијата.