Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТетовци масовно бараат чист воздух

Тетовци масовно бараат чист воздух

Во Тетово втор ден по ред се протестира поради загадениот воздух. Тетовци денеска во голем број се собраа и маршираа низ градот. Тие властите бараат итни мерки за намалување на штетните состојки во воздухот, кои во вечераните часови се и до 20 пати над дозволеното.

Според нив, аерозагадувањето во градот е последица од лошите еколошки политики на власта и на општината на чело со градоначалничката Теута Арифи. Веднаш да запре производството во „Југохром“ се додека не се постават филтри за прочистување, депонијата да се дислоцира под итно и да се воведе режим во сообраќајот. Ова се трите барања што во вид на ултиматум се упатени до општинските и централните власти.

Аријанит Џафери од граѓанското еколошко движење „Еко Герила“ пренесе и рокови за исполнување на барањата. „Бараме конкретните мерки да се спроведат до 25 декември до полноќ. До тогаш е нашата толеранција, потоа ќе преземеме поригорозни мерки, блокади на сообраќајници, масовно собирање во Скопје, а ќе преземеме и други мерки за да го заштитиме населението од отровите“, рече Џафери и побара да се откријат причинителите, а Општината и државата да ги исполнат уставните обврски.

„Оваа Влада не не гледа како луѓе, туку како гласачки ливчиња. Ниту Владата, ниту Општината сторија нешто, а тоа услови да се искачиме на прво место како најзагаден град во светот“, потенцираше Џафери.

На насобраните граѓани им се обрати и Елмедина Абдулаи од здружението „Мајка и дете која рече дека нив не ги интересира кој е на власт, туку дека се загрижени за сопственото, но посебно за здравјето на децата и затоа тие на ваков начин бараат одговорност од надлежните. Третоодделенката, пак, Агнеса Ибраими порача дека учениците сакаат да одат на училиште, а не да бидат на улица.