Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТетово ќе жали за жртвите во четврток и петок

Тетово ќе жали за жртвите во четврток и петок

Општина Тетово донесе одлука за прогласување на деновите четврток и петок за денови на жалост во чест на жртвите кои ги загубија животите за време на поројот во тетовскиот регион. Загинаа четири лица, од кои три се деца и еден повозрасен човек кои биле потиснати од надоаѓањето на водата. По едно лице се уште се трага. Повеќето од жртвите се од семејство од Шипковица каде трагедијата е најголема. На територија на Македонија се уште нема најави дали ќе биде прогласен ден на жалост.