Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТетовец нападнат од Кангал – остана без палец

Тетовец нападнат од Кангал – остана без палец

40-годишен Тетовец останал без палец по напад од куче од расата Кангал – информираа од СВР Тетово. Инцидентот се случил на улицата „146“, во месноста „Горни арабат“ околу 15 часот, додека тетовецот се движел со своите деца кон семејната куќа. Кучето наеднаш се нафрлило брз него и му го одгризало палецот на левата дланка, а му нанело и повеќе рани на рацете.

Повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му биле извршени неколку хируршки зафати на рацете по што бил задржан за натамошно лекување. Полицијата извршила увид на местото на кое се случил нападот од кучето, разговарено е со В.З. и се преземаат мерки и активности за расветлување на сите поединости-како се случило тоа, кој е сопственикот на кучето и за пронаоѓање на кучето, рече портпаролот Јосифовски.
kangal1
Инаку турскиот Кангал спаѓа во една од најголемите раси на кучиња во светот. Овчарско куче кое е познато по тоа што ги штити стадата не само од волци туку од мечки и чакали. Во африканската држава Кенија има голема побарувачка за овие кучиња бидејќи се единствените што можат да се справат со гепардите кои што често ги напаѓаат стадата кози и овци на кениските сточари.

Поради големината и моќтта на ова куче, за жал се злоупотребуваат и за борби. Најверојатно и во овој случај се работи за куче кое е употребувано во борби. Турција има наметнато правни рестрикции за извоз на оваа раса од државата.