Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТетовец излета од патот кај Групчин и загина од тешките повреди

Тетовец излета од патот кај Групчин и загина од тешките повреди

Денеска околу 8 часот во близина на патарината „Групчин“ на автопатот Тетово-Скопје во сообраќајна несреќа загина Л.М. од Тетово. Полицијата извести дека од засега непознати причини возилото „БМВ“ кое го управувал А.Д. (40) од Тетово излетало во амбис крај патот. Од силниот удар Л.М. задобил тешки повреди од кои веднаш починал.

По извршениот увид на местото од несреќата лекар по судска медицина ја констаирал неговата смрт, додека по наредба јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.