HomeДЕНЕШНАПолитикаТече рокот за медиумите да објават ценовници за политичко рекламирање

Тече рокот за медиумите да објават ценовници за политичко рекламирање

Со започнувањето на изборните дејствија и медиумите се обврзани да ги истакнат своите ценовници според кои ќе наплаќаат за политичко рекламирање. Сите телевизии и радија кои ќе емитуваат реклами за време на изборната кампања, најдоцна до 23 октомври треба да ги утврдат и достават ценовниците, во кои цената по секунда за платено политичко рекламирање нема да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните 3 месеци пред денот на распишување на изборите.

Како што соопштува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги рокот за доставување на ценовниците тече од вчера.

Ценовниците треба да се достават до Агенцијата, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата. Според Изборниот законик, радиодифузерите се должни до започнување на изборната кампања најмалку двапати да ги објават ценовниците за платено политичко рекламирање на своите програми. За време на изборниот процес не е дозволена промена на ценовниците.

Ценовниците до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги можат да се достават до архивата на Агенцијата или на е-адресата contact@avmu.mk.

Извор: prizma.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com