Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТестови за интелигенција за бегалците во Германија

Тестови за интелигенција за бегалците во Германија

migrantiredВладата во германската покраина смислила пилот проект  низ кој бегалците доброволно би можеле да поминат, а со чија помош ќе се утврдат нивните таленти и способности. Преку овие тестови би можело да се утврди кои професии најмногу би им одговарале на мигрантите, а за кои би требало да се дообразуваат.

Министерот за внатрешни работи на покраината Клаус Бујон за весникот „Рајнише пост“ изјави дека на пилот проектот очекува доброволно да се пријават околу 600 до 700 мигранти. Според него сето ова ќе биде во соработка со Сојузната агенција за работа и други угледни ексепрти за пазарот на труд.