Wednesday, Apr 24, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонТестирајте дали ви е хакирана безжичната мрежа

Тестирајте дали ви е хакирана безжичната мрежа

Безбедноста на интернет моментално е една од топ темите за модерната технологија, за која
најмногу се зборува. Ако сакате на брз и едноставен начин да проверите дали некој ја нападнал
вашата домашна безжична интернет мрежа, тоа може да го направите со оваа веб-апликација. Не
знаеме дали ќе можете да ја спасите мрежата од лошите момци, но сепак може да проверите со
сигурност дали некој ви ја пробил мрежата.
router_checker
Оваа веб-алатка е многу едноставна и не ви бара предзнаење. Доволно е само да го започнете
тестирањето директно од веб-страницата на компанијата F-Secure. Компанијата F-Secure е високо
позиционирана во областа на компјутерска безбедност, така што може да имате доверба во ова.
Принципот на алатката е едноставен – F-Secure Router Checker ќе ја анализира вашата мрежа со
нагласок на DNS (Domain Name System), кој е најчеста мета на напади и најчесто се користи за
загрозување на безбедноста на мрежните протоколи и системи. Вашиот рутер ќе биде анализиран
за кратко време и може да го започнете тестот од било кој уред што е конектиран на мрежата.

извор:Телефони.мк