Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомТест кој го предвидува ракот на дојка девет години однапред

Тест кој го предвидува ракот на дојка девет години однапред

Британските научници веруваат дека пронашле начин да се предвиди рак на дојка девет години пред тој да се развие. Всушност, треба да се измерат одредени вредности во крвта кај здравите жени кои можат да предвидат и дали некогаш подоцна во животот ќе добијат рак.

Тим на лондонскиот Империјал Колеџ анализирал примероци од крв на околу 2.600 жени од Велика Британија, Норвешка, Австралија и Италија, а при тоа ги проучувале промени во белите крвни зрнца. Во серијата на студии во кои се следеле состојбите на жените во просек од девет години, покажале дека оние кои добиле рак на дојка, во споредба со оние кои ја немаат оваа болест тие претходно имале пониски нивоа на метил во белите крвни зрнца.

Метилација, процес при кој метилот се акумулира во нашата ДНК, е од суштинско значење за развој на здрави клетки. Но нивото на хемикалии може да влијае на надворешните фактори, како што е алкохолот, а кој може да се контролира.

Затоа, ако резултатот од истражувањето е развој на рутински тест со кој ќе се одреди нивото на хемикалии, лекарите ќе можат да им предложат на луѓето измени во начин на живот што секако ќе може да го запре развојот на ракот на дојката. При тоа ако се има можност да се предвиди и да се спречи ракот, тоагаш тое е Светиот грал за истражувачите. Карциномот на дојка кај 80 проценти од случаите може да се открие со мамографија, но во момент кога туморот веќе пораснаат.