HomeГИГА БАЈТХај текTesla не смее лажно да го преставува автопилотот во возилата пошто е опасен

Tesla не смее лажно да го преставува автопилотот во возилата пошто е опасен

Германските регулатори му забранија на Tesla Motors да го рекламира автопилотот како целосно функционална услуга за електричните возила со оглед дека може да биде опасен доколку возачот целосно се препушти на негова асистенција и нема постојана контрола. На овој начин возачите нема да бидат погрешно информирани за автопилотот, термин кој Tesla Motors веќе воопшто не смее да го користи.

Оваа одлука е дополнување на претходното предупредување кое германските власти го испратија до сите сопственици на возилата на Tesla Motors да внимаваат како го користат автопилотот и да не го оставаат целосно да го преземе управувањето.

Tesla и основачот Маск постојано објаснуваат дека терминот автопилотот го презеле од авиоиндустријата и дека под него подразбираат асистивна технологија за возачите, а не целосно самостоен систем. Планот на Tesla е дури во 2018-та да воведе целосно автономни возила кои ќе може сами да се управуваат.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com