Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТешкото заврши во Пржино, се чека конечен договор

Тешкото заврши во Пржино, се чека конечен договор

Иако целиот процес се уште виси на тенок конец најголемиот дел од преговорите меѓу партиите во Пржино се завршени, а меѓународниот фактор кој со нетрпение очекува враќање на реформскиот процес соопшти дека најтешкото е надмината, освен само едно важно прашање кое евроамбасадорот Аиво Орав не сакаше да го открие.

Неофицијално партиите не можат да се договорат околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи во новата преодна влада која ќе има мандат од 100 дена и би била функционална од август, доколку изборите се закажат до крајот на годината.

Лидерската четворка на крајот ќе треба да даде гаранции со потпис дека условите се исполнети и да го потврди датумот на избори. Сепак, неофицијално од власта го оспоруваат евентуалното потпишување на таквиот документ.