Monday, Oct 23, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеТешко повреден велосипедист на кејот на Вардар

Тешко повреден велосипедист на кејот на Вардар

Потрес на мозокот,скршеници на лактот на десната рака и распукана брада се тешките телесни повреди со кои се здоби момче кое синоќа со велосипед удрило во куче. Несреќата се случила во скопски Аеродром. Кучето кое со својата сопственичка шетало на патеката за велосипеди и ролерки на кејот на Вардар претрчало среде патека, а момчето при ударот завршило на асфалт. Била повикана екипа на Итна медицинска помош, по што момчето било префрлено во болница