Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајка во Скопје, повредено шестгодишно дете

Тешка сообраќајка во Скопје, повредено шестгодишно дете

На 11.06. околу 13:15 часот, на локалниот пат од скопската населба Хиподром кон населбата Илинден, се случила сообраќајна незгода помеѓу „киа пиканто“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(37), кој се здобил со телесни повреди, исто како и неговата шестгодишна сопатничка, која се здобила со тешки телесни повреди (фрактура на ногата) и „хундаи гетц“ исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.К.(31) која се здобила со телесни повреди, додека совозачот Г.З. (31) се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност, соопшти МВР.