HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајка кај Прешево: Има и загинати

Тешка сообраќајка кај Прешево: Има и загинати

На автопатот во близина на клучката кај Прешево утринава во тешка сообраќајна несреќа настрада едно лице.

До несреќата дошло кога автомобилот кој се движел во правец од Македонија кон Врање влегол во спротивната лента и налетал на возило кое се движело во правец од Врање кон Македонија.

Сеуште не се познати фактите како дошло до судирот, но според првичните информации возачот на автомобилот кој се движел во правец од Македонија кон Врање го загубил животот.

Семејството кое се наоѓало во другиот автомобил е згрижено на одделението за Ургентна медицина во Врање и никој од нив не се здобил со тешки повреди.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com