Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајна несреќа во Струга однесе човечки живот

Тешка сообраќајна несреќа во Струга однесе човечки живот

Едно лице загина а уште четири се повредени во сообраќајна незгода што се случила вчеравечер на регионалниот пат Охрид – Струга во близина на Еврохотел.

Од СВР Охрид известуваат дека несреќата се случила во околу 20 часот кога патничко возило марка „фиат караван“ излетало од патот. Причините за ваквиот чин се непознати. Жртвата која го загуби животот е родена 1986 од Кичево, едно од четирите повредени лица е префрлено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ во Охрид, а останатите три лица во Струшката болница.

Полицијата се уште работи на утврдување на причините поради кои возилото излетало од патот.