Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеТешка сообраќајна несреќа пред „Три Бисери“, во судир на автобуси повредени се десетина лица

Тешка сообраќајна несреќа пред „Три Бисери“, во судир на автобуси повредени се десетина лица

Десетина патници се повредени во судир на два автобуси во скопската населба Аеродром.
Како што наведуваат од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила утрово во 8 часот кога кај Трговскиот центар „Три Бисери“ се судриле автобус со број 3 на ЈСП и приватен автобус со број 23 и истите се движеле од центар кон Аеродром.

sudir avtobusi2На повредените лица веднаш им е пружена лекарска помош, со што се транспортирани во некои од скопските клиники, а полицијата се уште ја утврдува причината за несреќата.

Фото: Утрински весник