Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајка во Куманово, едно лице го загуби животот

Тешка сообраќајка во Куманово, едно лице го загуби животот

Едно лице го загуби животот, а четири се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи синоќа, околу еден часот по полноќ, на улицата „Трета македонска ударна бригада“, во Куманово.

До несреќата дошло откако Р. П. (1975), со автомобил „субару“, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид при што починал на самото место.

Со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките Ц.В. (1975), М.М. (1976), И.Т. (1987) и И.Б. (1984). Првите две се задржани во Општата болница Куманово, а другите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

– Ц.В. и М.М. со скрешници на двете надколеници се пренесени во Скопје, додека И.Т. и И.Б, едната со скршеници на колено, а другата со скршеници на десната клучна коска, се згрижени кај нас, информира Дежурниот хирург во Општата болница куманово Елена Стојановска.