Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајка на Плетвар, има повредени

Тешка сообраќајка на Плетвар, има повредени

Ова утро околу 4 часот три возила се судриле на превојот Плетвар, на местото каде трите коловозни ленти се спојуваат во две, при што повредени се повеќе лица, а едно е во критична состојба.
Повеќе возила на итната медицинска помош интервенирале да ги извлечат повредените од возилата, и ги пренеле во Градската болница во Прилеп, а лицето кое е тешко повредено и е во критична состојба, итно е пренесено на Клиничкиот центар во Скопје.