Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајка кај ФОН, автомобил собори билборд

Тешка сообраќајка кај ФОН, автомобил собори билборд

Автомобил се заби во билборд во близина на универзитетот ФОН. Несреќата се случила во 2.30 по полноќ кога моторното возило „опел астра“ управувано од Д.М. (30) при поминување на крстосницата меѓу улиците „Перо Наков“ и „Киро Глигоров“ од засега непознати причини излетало од патот, удрило во три метални столбови а потоа се забило во метално рекламно пано кое од силината на ударот се превиткало и паднало врз возилото.

Со потешки телесни повреди возачот е пренесен во Ургентниот центар каде е задржан за понатамошно лекување. Повеќе детали за несреќата како и причината поради која таа настанала ќе се дознаат по деталниот извршен увид од СВР Скопје