HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајка кај Дебар одзеде еден живот

Тешка сообраќајка кај Дебар одзеде еден живот

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи на патот Дебар – Маврови Анови едно лице од Гостивар на 64 години го загуби животот, а уште едно е потешко повредено.

Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила околу 23 часот во близина на месноста „скудрињски продавници“ при што дошло до директен судар на два автомобили, „опел-астра“ со гостиварски регистарски ознаки која управувал З.Л (64) и „БМВ“ со струшки ознаки која ја управувал дебранецот Е.И. (24).

Од силината на ударот, возачот на „опелот“ задобил скршеници и други повреди по телото, по што како итен случај од дебарската болница бил испратен за болницата „Св Еразмо“ во Охрид, но по пат, гостиварецот починал.

На местото на несреќата, увид по овластување на јавен обвинител извршила екипа од полициската станица Гостивар, по што ќе се утврдуваат причините и околностите поради кои дошло до несреќата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com