Friday, Apr 28, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамTerrafugia TF-X – Летање со автомобил?!

Terrafugia TF-X – Летање со автомобил?!

Прималиво звучи самата идеја за користење на едно превозно средство со кое може и да се вози и да се лета. Американците од Terrafugia проектираа концепт кој точно ги обединува својствата на автомобил и летало. Видеото дадено подoлу е само добра комјутерска илустрација на концептот. Значи, на воздушен превоз “од врата до врата“ ќе треба малку да попричекаме.

И покрај тоа проектот TF-X е разработен во најситни детали и прашање на време е кога ќе започнат првите практични испитувања. Во принцип се работи за хибридно возило кое се движи на електричен погон а батериите се полнат од турбо бензиски мотор со 300 КС.
1-300x199
Перобразбата во летало се врши за кратко време, со извлекување на двете крила на кои се сместени пропелерите. Двата електромотори развиваат вкупна силина еден мегават (1.360 КС) и овозможуваат вертикално полетување. Пилотирањето и возењето се целосно автоматизирани така да се смета дека само со неколкучасовна обука секој возач ќе може безбедно да се вивне во воздух.

Максималната брзина при летање изнесува 200 милји (322км) на час, а опсегот на летање, сосема доволни, 500 милји (805 км).

Целиот проект силно зависи од крајната цена, а производителот најавува дека таа ќе биде на нивото на луксузните возила. Тоа не е малку но треба да се има предвид дека и при најголем метеж ниту еден Bugatti или пак Farrari, нема да може да полета. За да се случи Terrafugia TF-X ќе мора да се прилагодат и некои безбедносни и законски одредби, но за тие кога ќе дојде време.

Прочитајте повеќе на Autoinfo.mk