Thursday, Mar 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионТероризмот удри на Балканот – ова е напаѓачот од Сараево

Тероризмот удри на Балканот – ова е напаѓачот од Сараево

Случајот на убиството на двајцата војници на Вооружените сили на Босна и Херцеговина (БиХ) во сараевската населба Рајловац е преземено од Обвинителството на БиХ, под сомневање дека се работи за терористички акт, соопштил портпаролот на Обвинителството, Борис Грубешиќ, пренесуваат босанските медиуми.

Убиецот Енес Омерагиќ, за кого се тврди дека бил припадник на селафиското движење, со својата куќа во населбата Сокоље се разнел со бомба. Сé уште нема официјални информации околу тоа дали во куќата се наоѓал уште некој за време на самоубиството на Омерагиќ.
saraevo34-годишниот убиец Енес Омерагиќ, кој вчера во Сараево убил двајца војници, а потоа се разнел со бомба, бил роден во Франција, а тоа го потврдил и директорот на “SIPA”, Перица Станиќ. Покрај тоа што е роден во Париз, според првите информации Омерагиќ наводно се борел и на страната на џихадистите во Сирија, како и членови од неговото потесно семејство.

Извори од безбедносните агенции тврдат дека зетот на Омерагиќ бил уапсен во акцијата “Дамаск”, пренесува Avaz. Припадниците на Државната агенција за истрага и заштита – “SIPA”, извршиле претрес на куќата на Мухамед Мецо, роднина на Енес Омерагиќ, поради сомнение дека е поврзан со терористичкиот напад.

Тој и претходно бил апсен поради припадност во група осомничена за тероризам, но никогаш не бил осудуван. Мецо е познат и како член на групата на Ријад Рустемпасшиќ, со кого бил уапсен во март 2008 година. Рустемпашиќ поради тероризам пред судот на БиХ бил осуден на затворска казна од четири години, која ја отслужил и сега се наоѓа на слобода.

Во Босна и Херцеговина утре е прогласен ден на жалост во чест на убиените војници, знамињата ќе бидат на пола копје, а сите културно забавни активности во државата се откажани.