Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТерористите од Париз се користеле со оружје од српско производство!

Терористите од Париз се користеле со оружје од српско производство!

Терористите кои го нападнаа Париз користеле оружје кое е произведено во Србија, имено дел од нивниот арсенал бил продукт на фабриката „Застава“ во срспкиот град Крагуевац,во 90-те години на минатиот век, соопшти вчера директорот на компанијата Милојко Брзаковиќ.

Како што јави Фена, Брзаковиќ изјави дека два дена по нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица, српското Министерство за внатрешни работи му ги доставило сериските броеви на оружјето користено од страна на напаѓачите.

– Верувам дека меѓу нив имаше седум или осум автоматски пушки од типот „калашников“, истакна Брзаковиќ.

За време на поранешна СФРЈ, во погоните на „Застава“ во Крагуевац се произведуваше оружје за потребите на некогашната Југословенска народна армија и за Територијалната одбрана, кое по распадот на државата остана во републиките наследнички.

Според Брзаковиќ, по распадот на СФРЈ можно е која било од државите наследнички да препродавала дел од своето оружје на трети земји.