HomeДЕНЕШНАРегионТерористичка ќелија се разнесе со бомба во акција на турската полиција

Терористичка ќелија се разнесе со бомба во акција на турската полиција

Терористичка ќелија која била мета на полициска акција во турскиот град Газијантеп во близина на сириската граница решила да се разнесе со бомба за да не биде уапсена. Турската полиција пренесе дека при експлозијата дошло до човечки жртви, а има повредено и десетина цивили. Освен меѓу терористите кои биле прикриени загинале и тројца припадници на безбедносните служби.

Според податоците на полицијата најверојатно станува збор за припадници на терористичката организација Исламска држава кои чекале инструкции за поголеми напади. Во Газијантеп во август на свадба беше детонирана бомба која одзеде 54 цивилни жртви, меѓу кои и деца.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com