Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТерористички напад во Франција – обезглавен човек, повеќе повредени

Терористички напад во Франција – обезглавен човек, повеќе повредени

Еден човек е обезглавен, a неколкумина се повредени во исламистички напад на фабрика во близина на францускиот град Лион. Неколку мали експлозивни направи, исто така, се отстранети од фабриката. Нападот се случил во 11 часот по локално време.

Наводно, напаѓачот носел исламистичко знаме, кое било пронајдено во близина. Споеред официјалните лица, едно лице е уапсено, а министерот за внатрешни работи, е на местото на настанот. Овој напад се случи речиси шест месеци по исламистичките напади врз сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Париз. Повеќе детали се најавуваат наскоро.