Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТерористички напад спречен во Република Српска

Терористички напад спречен во Република Српска

Полицијата на Република Српска спречи терористички напад во градот Бијељина во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, објави денеска електронското издание на белградскиот весник „Блиц“. Според истиот извор, полицијата во хотелот „Далас“ во Бијељина пронашла поголемо количество на запалива течност и експлозивни и пиротехнички материјали, кои биле поврзани меѓусебе со цел да предизвикаат експлозија во објектот.

Зградата во која е сместен хотелот е прилепена со други станбени објекти, па при евентулана експлозија можно би било и нивно оштеување, информира полицијата. Полицијата извршиле претрес во хотелот по добиените информации дека се подготвува напад врз објектот.

Во просторијата во која се наоѓале експлозивните материјали, биле пронајдени и упатства за подготовка на терористичи напад. Полицијата засега не наведува кој би можел да стои зад подготовките на овој терориситички акт.