Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТерорист од Куманово „падна“ во Србија

Терорист од Куманово „падна“ во Србија

Јатак на терористите од Куманово по кого Македонија имаше распишано меѓународна потерница падна во Србија. Српската полиција на административниот премин Брњак, вчера го уапсила Бесник Бајрами. Ова го потврди, Небојша Стефановиќ, српскиот министер за внатрешни работи за тамошните медиуми.

Македонија, кумановецот Бајрами го бараше преку Интерпол, поради сомненија дека им бил логистика на криминалната група која на 9 и 10 мај изврши терористички напад во Куманово. Минатиот месец, полицијата вршеше претреси во домот на Бајрами и на уште две лица од Арачиново и кумановско, но осомничените беа во бегство.

Едниот од нив Риза Јунузи го барале во туѓа празна куќа во изградба, односно во куќата која Јунузи неколку дена пред крвавите настани во Куманово ја продал на друго семејство.

Обвинителството за организиран криминал, на почетокот од неделата поднесе обвинение против криминалната група од Диво Насеље, а истрагата ја прошири за уште 10 лица кои им биле соработници на терористите.