Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТереза Меј загрижена, Брегзитот ќе донесе тешки времиња

Тереза Меј загрижена, Брегзитот ќе донесе тешки времиња

Британската економија ќе претрпи штети од одлуката за напуштање на EУ и покрај сигналите во економските податоци дека одразот нема да биде толку сериозен колку што предвидуваат некои аналитичари, изјави британската премиерка Тереза Меј на пат кон Кина, каде ќе учествува на самитот на Г-20, пренесоа британските медиуми.

– Ни претстојат тешки времиња. Видовме дека податоците во овој, актуелен момент, даваат противречни сигнали за ситуацијата во економијата. Сметам дека таа реагира подобро, отколку што имаше некои претскажувања по референдумот, но јас ќе бидам чесна и нема да лажам дека се е добро – изјави Меј.

Меј ја отфрли и можноста за избори, бидејќи, како што изјави на Британија и треба стабилност.

Таа порача и дека сака Британија да биде независна земја која сама ќе си го пронајде патот во светот.

Меј стапи на функцијата откако поранешниот премиер Дејвид Камерон поднесе оставка по референдумот за излез на земјата од ЕУ.