Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТереза Меј по Маргарет Тачер нова жена премиер на Велика Британија

Тереза Меј по Маргарет Тачер нова жена премиер на Велика Британија

Тереза Меј успеа да ја добие партиската битка да ги предводи Конзервативците откако остана без против кандидати за позицијата. Тоа по автоматизам и носи поддршка од „Ториевците“ во парламентот и на премиерската функција ќе го наследи Дејвид Камерон кој се изрезили со распишувањето на референдумот за излез од ЕУ, а не успеа да ја добие кампањата за останување.

Меј иако на стартот беше против излез од ЕУ не беше една од најактивните политичарки во кампањата, па затоа сега има простор да „пивотира“ и во среда ќе седне на столчето на политичкиот „самоубиец“ Камерон.

Причината за нејзиниот брз избор е да не страда повеќе Конзервативната партија во меѓусебни избори, туку да се посвети што побрзо на стратегијата за излез од ЕУ бидејќи челниците во Брисел веќе прават големи притисоци Велика Британија да си ги „пакува“ куферите.