Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТереза Меј го активираше Брексит

Тереза Меј го активираше Брексит

Британската премиерка Тереза Меј денеска ги информираше пратставниците на Долниот дом на британскиот Парламент дека официјално е покренат членот 50 од Лисабонскиот договор и дека „Велика Британија на напушта ЕУ“.

– Денеска стапи во сила демократската одлука на народот на Обединетото Кралство за излез од ЕУ, изјави Меј во обраќањето во Парламентот и ги повика Британците да останат единствени, со цел да се обезбеди „најдобар можен договор“ за земјата.

Таа рече дека Британија ќе остане посветен партнер на Европа и оти официјален Лондон ќе се стреми кон договор за идно партнерство со ЕУ и за утврдување на условите за напуштање на блокот.

Жалиме што Велика Британија ја напушта Европската унија, но подготвени сме за процесот што следува. Тоа се нагласува во изјава на Европскиот совет денеска жалење што Велика Британија ја напушта ЕУ и соопшти дека Унијата во преговорите ЕУ ќе дејствува како единствена и ќе ги заштитува своите интереси.

„Нашата прва задача ќе биде да ја сведеме до минимум несигурноста од одлуката на Британија и нејзините граѓани за нашите граѓани, бизниси и држави. Затоа ќе се фокусираме на клучните точки од договорот за повлекување на Британија. Во разговорите ќе бидеме конструктивни и ќе се обидеме да постигнеме договор. Се надеваме дека Велика Британија ќе остане наш близок партнер“, порачаа со Европскиот совет.