HomeДЕНЕШНАСветТереза Меј: Не спијам поради Брегзит

Тереза Меј: Не спијам поради Брегзит

tereza-mej-s

Британската премиерка Тереза Меј вели дека не спие поради напорите да обезбеди „најдобар можен сценарио“ за Британија после излегувањето на таа земја од Европската Унија. „Ова е момент на промена. Ова е исклучително предизвикувачко време. И треба да се договориме за условите околу Брегзит. Многу сум свесна за тоа“, изјави Тереза Меј.

Тереза Меј истакна дека ќе го активира член 50 односно преговорите со ЕУ за Брегзит до крајот на март. Критичарите во Лондон и Брисел велат дека владата нема добар план за да се исполни овој рок и ја обвинува британската премиерка и нејзините министри за нетранспарентност и дезорганизација околу Брегзит.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com