HomeДЕНЕШНАПолитикаТепачка во Кривичен суд – нервозата ескалира

Тепачка во Кривичен суд – нервозата ескалира

krivicensud1-

Нервозата меѓу вработените во Основниот суд 1 и тензичната дискусија за работата на претседател Владимир Панчевски, доцна попладнево во тепачка, јави Макфакс. Инцидентот настанал откако вработена во судот, викала и барала да не се напаѓа и клевети Панчевски, по што еден вработен превртел биро и се втурнал кон неа. Веднаш потоа била повикана полициска асистенција.

За настанот било известено и Јавното обвинителство, но оттаму им било одговорено дека не можат ништо да преземат, односно дека сé ќе се заврши со прекршочна пријава.

Од Основниот суд, за „Фокус” потврдија дека имало тепачка меѓу вработени во судот, но децидни се дека инцидентот не е поврзан со претседателот на судот Владимир Панчевски, против кого дел од судиите денеска го кренаа гласот.

„Отфрламе било какви шпекулации дека во судот имало превртување на бироа и кршење на инвентар како и дека во настанот бил инволвиран претседателот на судот кој со оглед на последните настани во и околу судот, медиумите ги поврзуваат токму со него. Што се однесува до денешниот настан истиот е пријавен кај надлежните органи кои понатаму треба да постапуваат“ – рекоа од Основниот суд за „Фокус”.

Инаку, претседателот Панчевки денеска повторно се најде на мета на јавноста, откако петнаесеттмина судии преку писмо до Судскиот совет, се пожалија на негова злоупотреба на судот. Неофицијално, кон бунтот се приклучиле и дел од стручните соработници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com