HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТепачка по фудбалски натпревар во Камењане, истепани 6 играчи на Дрита

Тепачка по фудбалски натпревар во Камењане, истепани 6 играчи на Дрита

drita-kamenjane-tepacka

Тепачка во која учествувале повеќе лица се случила вчера попладне по фудбалскиот натпревар од Третата македонска лига меѓу домаќинот Камењане и Дрита од Боговиње.

МВР информира дека по завршување на натпреварот, комесарот на Камењане и други лица од селото Камењане физички нападнале претставник на Дрита и шест играчи. На физичката пресметка и претходела расправија помеѓу повеќе членови на двата клуба.

Откако влегле во соблекувалната, дел од фудбалерите на Дрита биле физички нападнати, по што од страна на полициски службеници биле раздвоени и со полициска придружба однесени во полицијата во Камењане, каде што го пријавиле настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com