Friday, Oct 20, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионТепачка и пожар во бегалски камп на Лезбос

Тепачка и пожар во бегалски камп на Лезбос

granica migranti

Десетици повредени при тепачка на мигранти во бегалскиот камп Морија кој се наоѓа на грчкиот остров Лезбос, јавуваат локалните власти.

До тепачката дошло откако Пакистанците ги обвиниле Авганистанците дека користат „мафијашки методи“ за да го контролираат кампот во Морија, а Авганистанците ги обвиниле Пакистанците за кражба и сексуално вознемирување.

При тепачката во кампот избувнал пожар поради што во биле повикани и припадници на противпожарната единица.

При инцидентот се уништени неколку шатори во кои биле сместени бегалците.

Тепачките се честа појава во кампот Морија, каде во моментов се сместени околу 3.000 мигранти кои се во очекување да бидат вратени во Турција, врз основа на договорот меѓу Брисел и Анкара за запирање на бегласкиот прилив кон Европа.