Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТепачка во тетовска гимназија – двајца повредени

Тепачка во тетовска гимназија – двајца повредени

Вчера околу 16 часот настанала тепачка во тетовската гимназија „7 Март“, двајца млади на само 19 годишна возраст се повредени, информира полициската служба. Од МВР додаваат дека во тепачката учествувале седум лица, двајца 19 годишници и петмина 18 годишници, сите од Тетово.

Помеѓу седум деца започнала расправија која брзо преминала во меѓусебна тепачка при што едно 19 годишно лице се здобило се две убодни рани во пределот на грбот, кои се најверојатно од нож, а неговиот другар а, воедно и врсник со сериозна повреда на раката од удар. На двајцата им била пружена лекарска помош во Тетовската клиничка болница при што повредениот со убоди во грбот бил задржан за дополнително негување и лекување.

Другите, петмина 18 годишни момчиња, заедно со нивни родители биле повикани на разговор во тетовската полиција, а службени разговори биле извршени и со двајцата повредени. Во зависност од видот на повредите, полицијата најви дека ќе бидат поднесени и соодветни пријави против учесниците во тепачката.