Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТепачка во ресторан на Партизанска, две млади лица повредени

Тепачка во ресторан на Партизанска, две млади лица повредени

Осум лица се степале во скопски ресторан, повредени две млади лица. Вчера околу 22.40 часот во Скопје на бул.„ Партизански Одреди“ во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир во кое учествувале осум непознати лица од кои пет од едната и три лица од другата страна. По претходна расправија помеѓу нив настанала тепачка во која биле употребени различни предмети и делови од инвентарот во угостителскиот објект.

Во тепачката со телесни повреди се здобиле едно шеснаесетгодишно девојче и М.Т. (21) од Прилеп. По нарушувањето сите инволвирани избегале од местото настанот. По извршени консултации со Јавен обвинител, настанот е квалификуван како кривично дело „насилство“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.