Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТензично на јужната граница – мигрантите лежат на шините

Тензично на јужната граница – мигрантите лежат на шините

Тензијата расте на јужната граница. Над две илјади економски мигранти денеска ја блокираа железничката линија на границата меѓу Република Македонија и Грција. Ова се случи откако не добија дозвола да преминат на македонска територија.

Мигрантите лежат врз шините на меѓународната железничка линија. Нивната бројка постојано се зголемува, бидејќи грчките власти дозволуваат на сите пристигнати по нејзините острови да го продолжат патот до Македонија – јавува Радио Слободна Европа.

Најмногу економски мигранти има од Бангладеш, Иран, Сомалија, Шри Ланка, Мароко, Конго, Либан и други држави каде што нема воени дејствија, пишуваат повеќе медиуми. Официјално се прифаќаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан. Оваа мерка беше воведена откако тоа го направија Хрватска и Србија.