Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТензични демонстрации против задолжувањето

Тензични демонстрации против задолжувањето

Вчерашнте демонстрации против владиното задолжува од 650 милиони евра преку обврзница поминаа во многу тензична атмосфера. Демонстрантите по собирот пред СЈО се обидоа да се пробијат преку полициските кордони помогнати и од специјалните единици, но беа блокирани на повеќе локации. Потоа се поделија на повеќе групи при што демонстрантите пројдоа преку подземните гаражи, но полицијата се регрупираше и успеа да ја спречи толпата.

Притоа демонстрантите извикуваа убијци, а се разменија и повеќе навреди бидејќи наводно дел од нив биле удрени при обидот за пробивање. Вообичаеното шарење на државните институции беше делумно успешно и зградата на Министерството за финансии „доби“ неколку балони со боја.