Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТенкови на Ататурк аеродромот, заробени политичари, Ердоган на безбедно

Тенкови на Ататурк аеродромот, заробени политичари, Ердоган на безбедно

Се уште владее голема конфузија во информациите кои пристигнуваат од воените власти во Туриција. Еден канал е воспоставен со новинарите и офицерите кои го покренале воениот преврат тврдат дека власта е веќе преземена.

Има тврдења дека висок воен претставник на Ердоган е заробен од страна на побунетите војници, а други пак тврдат дека главните офицери на пучот се неутрализирани. Армијата исто така тврди дека како заложници се земени високи државни функционери и политичари.

turcija vojska mostovi

Социјалните и интернет мрежите во Турција се речиси целосно блокирани, корисниците се обидуваат да комуницираат преку прокси сервери, додека пак државната ТРТ телевизија не емитува програма и дека е освоена од армијата. Додека се одвива воената драма се тврди дека Ердоган е на безбедно во летувалиштето Бодрум каде е на одмор. Еден извор од кабинетот најави дека наскоро обраќање на претседателот.

Тенкови и оклопни возила се распоредени низ Истанбул, блокирани се главните мостови кон европскиот дел и Босфорот, а оклопни единици го обезбедуваат интернационалниот аеродром Ќемал Ататурк каде сите летови се откажани.

Армијата на Турција или барем делот кој го изведува превратот соопшти дека сака да ја врати демократијата во земјата, да ги гарантира човековите права и слободи со тоа што сите меѓународни договори кои се потпишани ќе се почитуваат и посакуваат пријателство со сите држави.