Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТемпературните разлики причина за честите срцеви и мозочни заболувања во Делчево

Температурните разлики причина за честите срцеви и мозочни заболувања во Делчево

Зголемен е бројот на срцеви и мозочни заболувања во Делчево, а возраста на пациентите се движи од 45 до 60 години.

Ова го истакна д-р Гоце Стоименовски, раководител на Итната медицинска служба во Делчево кој потенцираше дека во мај оваа здравствена патологија кулминирала кај пациентите и само во Итната медицинска служба во Делчево имало 500 прегледи, а 42 критични пациенти се тренаспортирани со возило до најблиските болнички центри во Штип и во Скопје.

– Овие пациенти беа со итна форма и случаи на срцеви и мозочни удари. Овде им ја даваме првичната терапија, а потоа ги траснпортираме до најблискиот болнички центар, најчесто Штип, па Скопје. Дел од нив се во добра здравствена состојба, дел се стентирани, но дел, за жал, егзитирале. И во тековниот месец јуни бројот на срцеви удари е голем, така што до сега до Штип и Скопје се транспротиани 20 пациенти, рече Стоименовски.

Причината за оваа акутна патологија на кардиоваскуларниот систем, тој го гледа во големите температурни разлики, ниски, па високи температури, но и нередовна консумација на терапијата кај хронични болни и нездравата исхрана.

– Пациентите мора да се придржуваат до терапијата што ја примаат. Ова посебно се однесува за хроничните болни, да се внимава на исхраната, да не се внесува многу сол и при секоја здравествена тегоба да се јават кај својот матичен лекар, рече Стоименовски.