Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТемелко приведен и на распит за гласачите од Пустец

Темелко приведен и на распит за гласачите од Пустец

Едмонд Темелко, градоначалникот на општина Пусец, е првиот приведен во акцијата „Титаник“ и е моментално на распит во Кривичниот суд по налог на Специјалното јавно обвинителство. Темелко е приведен во Ресен со страв дека може да побегне поради двојното државјанство.

Тој ќе биде испрашуван со сомнежи дека бил дел од организација на гласачите со македонско потекло од Албанија регистрирани со лажни лични карти во општина Центар за претходните изборни циклуси, особено на локалните избори. Доколку СЈО побара притвор Кривичниот суд треба да го потврди или негира барањето за обезбедување на Едмонд Темелко.