HomeДЕНЕШНАПолитикаТелохранителот по тепачката тргнат од обезбедувањето на Заев

Телохранителот по тепачката тргнат од обезбедувањето на Заев

Александар Трајков, еден од телохранителите на Зоран Заев, по тепачката во дискотека во Струмица е отстранет од обезбедувањето, соопштуваат од опозиционата партија.

„Посоченото лице ќе биде отстрането од придружбата на претседатателот Заев на определно време, во исчекување на наодите во МВР“, тврди СДСМ.

Во полициската станица во Струмица повеќе лица пријавиле дека биле физички нападнати од страна на Трајков кој таму наводно работел како обезбедувач.

„Министерството за внатрешни работи во врска со настанот кој се случи пред кафе барот „Платиниум“ во Струмица во раните утрински часови, а кој беше уредно пријавен во билтенот на МВР во 7.45 часот, ја известува јавноста дека во тек е постапката за расветлување на истиот, сослушување на сведоци и преземање на сите неопходни мерки за утврдување на околностите во кои се случил настанот и одговорноста на учесниците. МВР ја уверува јавноста дека сите неопходни постапки се одвиваат максимално професионално, со почитување на законските и подзаконските одредби и апсолутно е исклучено било какво политичко или партиско влијание како резултат на партиска припадност на некој од учесниците во настанот. Во моментот кога ќе бидат утврдени сите елементи од настанот, јавноста ќе биде известена и ќе бидат преземени неопходните законски дејствија“, соопштија од министерството.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com