Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТело на старица пронајдено во Вардар

Тело на старица пронајдено во Вардар

Тело на женско лице вчера околу пладне било пронајдено во водите на реката Вардар во близина на Скејт паркот во Скопје.

Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот и по увидот утврдено било дека се работи за 79 годишната Драгиња Д. од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција. Телото на жената го пронашол скопјанец кај кого Драгиња подолго време живеела како потстанар.