Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕкономски мигрант загина на македонско-грчката граница

Економски мигрант загина на македонско-грчката граница

Економски мигрант го загуби животот на македонско-грчката граница од струен удар. Граница е затворена, а ситуацијата ескалираше денеска кога дојде до тепачка меѓу мигрантите од Сирија и оние економските мигранти.

Утринава грчката полиција распореди специјалци на границата со Македонија за да спечи било какви нереди поради тоа што на економските мигранти не им е дозволен влез во нашата земја. Македонската полиција испратила уште полицајци на границата со Грција.

Од синоќа на полноќ УНИЦЕФ и уште неколку невладини организации го напуштија кампот поради безбедносни причини.
Економските мигранти, на кој не им е дозволен влез, им се закануваат на мигрантите кој бегаат од војна за кој им е дозволен влез во нашата земја.