Thursday, Apr 18, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текТелефоните ќе ги полниме преку Wi-Fi

Телефоните ќе ги полниме преку Wi-Fi

Идејата за полнење на електронските уреди преку Wi-Fi сигнал не е нова, но се уште нема јасно решение со кое би се претворила во реалност, се до новото истражување на Универзитетот од Вашингтон. Истражувачкиот тим предводен од Вамси Тала успеал да го пренамени Wi-Fi рутерот како извор на енергија и со примена на соодветни сензори и нов софтвер електронските уреди покрај интернет сигналот ќе може да ја ги транформираат радио брановите во електрична енергија.

Со проектот Power over Wi-Fi нема да ви треба нов хардвер, туку постоечките смартфони, таблети, смарт часовници и други уреди ќе може да се полнат преку рутерот со користење на различни канали кои нема да доведат до нарушување на интернет конекцијата ниту пак ќе доведат до енергетско оптоварување.

За исполнување на овој план потребно е Wi-Fi рутерите да имаат поголем енергетски капацитет од 1 ват, а потоа да се работи на универзално софтверско решение. За почеток ова делува многу импресивно и за неколку години постои голема можност да се реализира во комерцијална употреба.

Извор: telefoni.mk