Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТековната суша во Чешка најлоша во последнава деценија

Тековната суша во Чешка најлоша во последнава деценија

Сушата која моментално ја зафати Чешка е најлоша во изминативе 12 години и не се очекува подобрување на состојбата бидејќи сувиот период и понатаму продолжува.

„Сегашната суша е слична како во 2003 година, кога имавме суво и топло лето. Тогаш брзо се исуши земјата, се намалија реките, што имаше последици и кај подземните води“, изјави заменик директорот на Чешкиот хидрометеоролошки завод (ЧХМЗ) Јан Дахњелка.

Нема област во земјата која не е зафатена од сушата. Најлоша е состојбата во источниот дел од земјата каде повеќе од половина реки се под нормалното ниво.

POST TAGS: