Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТехничката влада незаконски вработува

Техничката влада незаконски вработува

Техничката влада на претеникот Емил Димитриев, која воедно е во оставка, си вработува како влада со мандат, иако според мислење на Државната комисија за спречување на корупција, тоа не смее да го прави од распишување на изборите, пишува „А1он“.

Техничката влада на Димитриев по изборите на 11 декември има незаконски пуштено неколку огласи, а во последниот се бараат помошник раководител на сектор за протокол, помлад соработник за истражување и анализа на пазари, помлад соработник за база на податоци и мултимедија и помлад референт за документациони работи.

Во врска со вработувањата по распишување на избори и до избор на нова влада, Државната комисија за спречување на корупција пишува:

„Од денот на донесување одлука за распишување на избори до завршување на изборот за пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Влада на Република Македонија, постои законска пречка да има нови вработувања во државната јавна администрација, освен во случај на итни и неодложни работи.“